Кина неодамна воведе нов закон за безбедност во Хонг Конг, ефективно нарушувајќи го досегашниот степен на автономија на градот, што предизвика голема контроверзија и критики во меѓународната заедница.
Како одговор на новиот закон, технолошите компании Facebook, Twitter, Google и Telegram најавија дека ќе ја запрат соработката со полицијата на Хонг-Конг во однос на барањата за пристап до податоците на нивните корисници.
„Ние веруваме дека слободата на говорот е фундаментално човеково право и го поддржуваме правото на луѓето да се изразуваат себе без страв за нивната безбедност или други последици“, истакнаа од Facebook.
Истите компании имаат забрана за работа во остатокот од Кина, иако генерираат приход од кинески компании кои се огласуваат на нивните платформи.
Притисокот сега е насочен кон Apple и Microsoft, компании кои се застапени во цела Кина и претходно имаат соработувано со кинеските безбедносни власти.
Кинеската социјална мрежа TikTok пак, најави дека ќе се повлече од Хонг Конг. Што тоа точно ќе значи за хонгконгшките корисници на TikTok, останува да видиме.