Четирите најголеми јавни телевизии во Обединетото Кралство (BBC, ITV, Channel 4 и Channel 5) се обединија за да испратат заедничка порака за важноста на телевизијата во времиња на криза.
Носечкиот двеминутен спот на кампањата, создаден од Uncommon Creative Studio, синоќа беше за прв пат емитуван во исто време на 20 различни канали во сопственост на четирите големи телевизиски куќи. Спотот ќе продолжи да се емитува на телевизиите во текот на месец јули.
Кампањата насловена „Our Stories“ („Нашите приказни“) ја промовира улогата на телевизиите во креативната економија на Обединетото Кралство и моќта која тие ја имаат во обединувањето на луѓето. Ова е прв пат најголемите јавни телевизии во Обединетото Кралство да соработуваат на заедничка кампања од овој размер. Телевизиите очекуваат дека спотот ќе го видат најмалку 50% од возрасната популација на Кралството.
„Британските телевизии ја рефлектираат и обликуваат нашата култура и тоа кои сме ние. Нашите дебати, нашите разговори, нашите заедници и нашите карактери се сите рефлектирани во приказните кои ги гледаме секој ден. Ова се нашите прикази. Британите телевизии се важни – сега повеќе од било кога,“ истакна Нилс Ленард, ко-основач на агенцијата Uncommon.