Меѓу првите 10 највредни брендови има само еден бренд кој не е од технолошката индустрија
Најновата BrandZ листа на највредните брендови во светот го потврдува само она што се знае со години. Технолошките компании се убедливи победници и рекордери.
На оваа листа, која ја објавува најголемата светска комуникациска група WPP и нејзината консултантска компанија Kantar, “Амазон“ го зазеде убедливото прво место со проценета вредност од речиси 416 милијарди долари. Исто како и минатата година, следува “Епл“ со 352 милијарди долари.
Оваа година,„Мајкрософт“ и „Гугл“ си ги разменија местата. „Мајкрософт“ е на третото место со 326,5 милијарди долари, додека “Гугл“ е на 4-то место со бренд вреден 323,6 милијарди долари.
Следат “Виза“ со вредност од речиси 187 милијарди долари, кинеска „Алибаба Груп“ со 152,5 милијарди долари, кинески „Тенсент“ со речиси 151 милијарди долари, потоа „Фејсбук“ со „само“ 147 милијарди долари вреден бренд.
Меѓу првите 10 највредни брендови се најде само еден бренд што не е од технолошката индустрија – “Мекдоналдс“ со вредност од речиси 130 милијарди долари.
Колку овие брендови се пред сите други, можеби најдобро е илустрирано со фактот што “Нетфликс“ е дури на 26-то место со бренд вреден нешто помалку од 46 милијарди долари, а “Инстаграм“ се наоѓа на 29-то со 41,5 милијарди долари.
Иако е меѓу најпопуларните апликации ширум светот, “ТикТок“ како бренд не е толку вреден. За прв пат, тој е вклучен на листата Топ 100 брендови и тоа на 79-то место, со вредност од речиси 17 милијарди долари.
Авторите на листата посочуваат дека вредноста на брендовите се зголемила за дури 277 милијарди долари во однос на минатата година и вкупно изнесува 5 милијарди долари.