На 9 јули се одржа наградната церемонија на еден од најголемите креативни настани во Европа – Меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square, кој за прв пат оваа година се одржа онлајн. Мотото на овогодинешното издание на фестивалот беше „Време е за победа!“. Во натпреварувачкиот дел од фестивалот учествуваа вкупно 937 пријавени кампањи од 31 држава ширум светот, кои се натпреваруваа во 7 категории: Creativity, Branding, Creative Effectiveness, Marketing, Media, Digital и Change for Good. Жирирањето се одвиваше во формат на онлајн конференции во живо, со учество на познати и признати креативни директори на водечките агенции во светот. Целосното видео од преносот на наградната церемонија на White Square 2020 може да се погледне тука.
Алена Устинович, претседател на Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија, инаку организатори на фестивалот White Square, истакна: „За комуникациската индустрија, оваа година беше вистински предизвик во секоја земја ширум светот, предизвик за секој еден од нас и за нашите тимови. Денес, како никогаш претходно, нашата индустрија има потреба од свеж воздух, дел на инспирација и малку креативен авантуризам, што ние самите обично ги носиме во сите сфери на економијата, културата и општеството како целина, благодарение на адвертајзинг фестивалите воопшто и White Square посебно. Драго ми е што скоро илјада пријавените кампањи зедоа учество на фестивалот, одразувајќи ја силната природа на нашата индустрија, која е посветена и способна да победи“.
Титулата креативна агенција на фестивалот, која се доделува на агенцијата која освои најголем број на награди, му припадна на BBDO Moscow од Русија. За белоруска агенција на фестивалот беше прогласена TDI Group Belarus. Grand Prix награда освои кампањата “Kak tebe takoe, Elon Musk?“ на агенцијата Ruport од Русија, како и кампањата “Russian Yoga School” на агенцијата Zebra Hero од Русија.
Целосната листа на победници може да се погледне на следниот линк.