„Среќниот оброк“ (“Happy Meal”) е еден од најпопуларните производи на брендот за брза храна McDonald’s, вообичаено наменет за деца. Вработените во шведските филијали на брендот забележале дека тој е особено популарен избор за бабите и дедовците кога сакаат да ги почастат своите внуци.
Но, пандемијата на коронавирусот ги промени навиките на луѓето, особено на повозрасните жители кои се изложени на најголем ризик. Тие имаат најголеми рестрикции во однос на движењето и повеќе не можат безгрижно да поминуваат време со своите внуци по рестораните на McDonald’s.
Од тие причини, McDonald’s се одлучи да воведе специјална верзија на „Среќниот оброк“, но овој пат наменета за сениори. Имено, сега се внуците тие кој ја имаат можноста, на своите баби и дедовци, да им испраќаат „Среќен оброк“ до нивниот дом заедно со презонализирана порака.
„Сакавме да им овозможиме на децата да ги изненадат своите баби и дедовци со она што тие самите најмногу го сакаат, заедно со изненадување кое знаеме дека ќе ги усреќи бабите и дедовците. Се надеваме дека оваа иницијатива ќе внесе малку повеќе радост во животите на нашите сениори,“ истакна Софи Лангер, маркетинг менаџер во McDonald’s во Шведска.
Кампањата е создадена со помош на комуникациската агенција Nord DDB Stockholm.