Наградите на Семплер ќе бидат доделени за периодот 20/21 година
СЕМПЛ, една од најголемите регионални конференции позната по најавите на најновите трендови во медиумите, маркетингот и иновациите, одличната меѓународна програма и дружење од целиот регион, заради добро познатата состојба околу коронавирусот, повторно ќе ги отвори своите врати за повеќе од 1.300 посетители на есен 2021 година.
Организаторте на овој настан ја карактеризираат оваа одлука пред се` како одговорна, затоа што сакаат да им понудат на посетителите, спонзорите и предавачите безгрижно конференциско искуство и SEMPL каков што го знаеме.
Сите вие кои создавате добри медиумски приказни за наградите „Семплер“ оваа година, ќе можете да се натпреварувате следната година. За наградата Гранд Семплер и тринаесет златни награди Семплер во периодот 20/21 година, ќе се натпреваруваат проекти реализирани во периодот од 01.11.2019 до 31.13.2021 година.
Сите интересни факти, трендови и знаење, организаторите ќе ги споделат преку своите канали Facebook, Instagram, Linkedin и YouTube.