Технолошката компанија Apple сподели нова реклама од серијата “Apple at Work”, која овој пат се фокусира на употребата на различните уреди и производи од брендот со цел надминување на предизвиците при работењето од дома.
Новата реклама ги прикажува истите четири карактери од рекламата „The Underdogs“ од 2019 година, но овој пак како работаат не од канцеларија, туку од дома поради пандемијата на Ковид-19. Во рекламата се презентираат различни уреди како Apple Watch, MacBook Pro, iPad Pro и AirPods, кои вработените ги користат за да ја „ослободат својата креативност и продуктивност“ во домашни услови.
Меѓутоа, спотот исто така има и своја хумористична страна, прикажувајќи ги различните „домашни предизвици“ со кои вработените мораат да се соочуват во услови на карантин, како што се деца и миленици, непоседувањето на скенер и носењето на панталони.
„Тоа е сé уште свет на крајни рокови, состаноци, групни разговори, конференциски повици, соработници и шефови. Но, тоа е исто така и свет на деца, кучиња и мачиња. И тоа е свет во кој соработката не пропушта ни еден момент, без разлика дали тимот користи iPad, iPhone, iMac, MacBook или сите нив. Работењето од дома (или работењето од било каде) не е нешто ново, но она што можеме заедно да го поостигнеме е,“ истакнуваат од Apple во однос на својата нова реклама.