Лондонската агенција Adam&EveDDB е големиот победник на овогодинешното издание на најпрестижниот светски адвертајзинг фестивал Cannes Lions.
За кампањата “Извини, парите ги потрошив на себеси“, трговскиот центар Harvey Nichols доби дури четири големи награди – за филм, целосна кампања, принт огласи и промоција и активација.
Од македонските агенции единствено Њу Момент Њу Идеас Скопје успеа да избори влез во финалето, во категоријата “Герила Маркетинг” за својата кампања за Скопскиот Џез Фестивал “Пијано“.
Во категоријата Филм, доделени се две големи награди, пкрај Adam&Eve DDB , гранд при освои уште и шведската агенија Forsman&Bodenfors за кампањата насловена како “Epic Split” со Жан-Клод Ван Дам за камионите “Волво“ (ЛИНК).
Forsman&Bodenfors е прогласена и за независна агенција на годината.
Титаниумското Гранд-При за револуционерен проект во огласувањето го доби јапонската агенција Dentsu Tokyo за кампањата “Звукот на Хонда/Аритон Сена 1989“ за јапонскиот автомобилски производител Хонда (ЛИНК).
Гранд При во категоријата за иновации добија руската агенција Axis Moscow, британското архитектонско биро Asif Khan и рускиот мобилен оператор Magafon за интерактивниот Megafaces“ на ЗОИ во Сочи.
Целата листа на финалисти и победници по сите категории можете да ја видете на следниов линк.
Погледнете го во продолжение најдобриот видео оглас на овогодинешниот кански фестивал 2014 година: