Минатата недела пишувавме за една поинаква љубовна приказна отсликана во новата кампања на Халкбанк, за мобилната апликација HalkPay, каде главни „протагонисти” во ТВ рекламата беа паричник и мобилен телефон, кои преку нивната дружба и забава ја претставија можноста за плаќање преку смартфон.
Како следна етапа на оваа комуникација за HalkPay која се реализира во соработка со агенцијата Меккен Скопје, сега гледаме продолжение на „љубовната приказна” со добро познатите карактери кои сега добија и имиња: Смартфонот Sm@rti и паричникот Ke$a – преку 7 објавени кратки видео клипови т.н. Bloopers-и со забавни „грешки” од „снимањето на рекламата”, која настана преку комбинација на AR технологија и реални сцени.
И самата ТВ реклама од продукциски аспект беше нешто несекојдневно на домашната маркетинг сцена, а продолжението, преку овие иновативни видео парчиња, дефинитивно оваа кампања на Халкбанк ја прави навистина впечатлива и ја диференцира од комуникацијата која ја имаа останатите банки во промовирањето на сличните услуги.
Целиот концепт за комуникацијата на HalkPay, не само што нуди ефикасност во пренесување на пораката преку истакнување на придобивките од услугата на допадлив начин, туку и носи ведрина и свежина при појавувањето во медиумите од секој аспект во овие времиња, исполнети со страв и неизвесност, што секако ја прави дополнително вредна за одбележување, како нешто одлично сработено на македонскиот пазар.