YouTube воведе нова опција која на креаторите на содржини ќе им овозможи на едно место да стекнат можност за едностевен преглед и анализа на сите нивни приходи стекнати на оваа платформа
Креаторите на содржини на YouTube преку Партнер програмата можат да заработуваат приходи од многу различни извори, како што се рекламирање, претплати, донации, опциите за пренос во живо и преку услугата YouTube Premium.
Досегашната опција CPM (cost per mille) ја мери цената на илјада импресии (бројот на прегледи кој го остварил рекламата). Новата опција наречена RPM (revenue per mille) донесува целосен поширок преглед на приходите, односно прикажува вкупен приход (од рекламна содржина и други начини на монетизација) откако YouTube ќе го земе својот дел од приходите.
Ова е особено корисно за креаторите на содржини кои се во фаза на раст на нивниот канал и сакаат да имаат преглед од каде потекнуваат сите нивни месечни приходи.
На крајот, CPM може да се смета за важна ставка за огласувачите, додека RPM сега е важна ставка за креаторите на содржини. Како и да е, CPM останува корисна ставка и за креаторите на содржини, бидејќи покажува колку огласувачите го ценат нивниот канал, што значи колку е поголема CPM ставката, толку повеќе огласувачите плаќаат за рекламните содржини што се појавуваат на каналот.