Еден од столбовите на рок новинарството во Велика Британија, магазинот „Q“, престанува да излегува после 34 години.
Уредникот на магазинот „Q“, Тед Кеслер, објави на Твитер: „Изданието што ќе излезе на 28 јули ќе биде последниот број. Пандемијата ни го направи тоа и ништо повеќе не може да се направи “.
Во пораката, Кеслер и` се извинува на јавноста што не успеа да го одржи „Q“, пренесува Би-Би-Си.
Тиражот на списанието падна на 28.000 месечно во однос на врвот во 2001 година, кога беа продавани по 200.000 примероци месечно.
Магазинот „Q“ е основан од страна на Марк Елен и Дејвид Хепворт, а првото издание на магазинот се појави во 1986 година.