Адвертајзинг агенцијата Wieden & Kennedy, која има околу 1,500 вработени ширум светот, ќе отпушти 11%, односно околу 165 од своите вработени, како резултат на финансисите импликации предизвикани од пандемијата на Ковид-19.
Минатата недела беше соопштено дака на почетокот од следната година, од агенцијата ќе си заминат и актуелниот извршен креативен директор Ијаин Тејт и генералниот директор за стратегија Бен Армистед. Меѓутоа, од агенцијата посочија дека нивното заминување не е поврзано со најавеното кратење на работните места.
„Преговаравме за ова онолку долго колку што можевме, но Wieden & Kennedy и Ковид-19 се најдоа во ќор-сокак. Колку долго ќе трае сето ова е прашање кое сите си го потавуваат, па моравме да донесеме тешки одлуки. Се разделуваме со луѓе што ги сакаме – 11% од нашата мрежа. Некои од нив доброволно се одлучија да заминат, за да им помогнат на другите да ги задржат своите работни места. Дел ја примија лошата вест на грациозен начин. Доброволно или не, на сите му беше дадено најлесното можно „слетување“. Сите тие се загуба за нас. Секоја агенција која ќе ги добие е среќна,“ истакнаа од Wieden & Kennedy.
Агенцијата има осум канцеларии низ светот: Портланд, Амстердам, Њујорк, Токио, Лондон, Шангај, Делхи и Сао Пауло. Портфолито на агенцијата вклучува имиња на брендови како што се Coca-Cola, Nike и Sainsbury’s.