После 20 години доминација и огромна заработка, т.н. “брза мода“ (fast fashion) трпи огромни загуби и произведувачите, како што се шведскиот гигант H&M, шпанските брендови Zara, Paul&Bear, Stradivarius и други, затвараат илјадници продавници ширум светот, а без работа остануваат голем број вработени, пренесува Хафингтон пост
Според проценките на The Business & fashion, глобалната индустрија за мода, облека и чевли ќе има помеѓу 25 и 30 проценти загуби како резултат на пандемијата и кризата. Тоа е огромна сума од оваа индустрија на светско ниво, со оглед на тоа што годишно заработува 2,5 трилиони долари.
Ефтината модна облека според системот „облечи и фрли“ трпи големи загуби поради пандемијата на Ковид -19, а за тоа придонесе и фактот што ефтината мода е глобализирана, односно се произведува во оддалечени делови на светот, што придонесе за нарушување на комуникацијата за време на пандемијата на корона вирусот.
„Ковид-19 само ги откри проблемите со производството на брза облека, кои беа присутни веќе подолго време. Има премногу производство, а тоа е неодржливо за планетата“, изјави за Хафингтон пост, Данило Вентури, директор на Меѓународниот институт за моден дизајн и маркетинг „Полимода “.