Gerety Awards е глобална креативна награда која има за цел да ги редефинира стандардите на адвертајзингот и да постави бенчмарк во креативните комуникации. Наградите се именувани според Франсес Герети, копирајтер кој во 1948 година го обмисли иконичниот слоган “A diamond is forever”.
Овие награди претставуваат првиот случај во кој едно жири е составено со цел да го награди најдоброто во адвертајзингот низ женската призма (и тоа целиот адвертајзинг, не само адвертајзингот кој таргетира жени). Според Gerety Awards, жените носат дури 80% од одлуките за купување, што ги прави клучен фактор во пазарната реалност.
Жирирањето на кампањите е веќе во тек, а прелиминарниот избор ќе биде објавен на 21 септември. Од објавувањето на прелиминарната листа, па сé до 18 октомври, ќе се одржи серија на жири-дебати кои ќе бидат стримувани во живо.
Сесиите на жирирање ќе се одржат во повеќе светски градови, вклучувајќи ги Лондон, Мелбурн, Банкок, Истанбул, Хелсинки, Буенос Аирес, Берлин, Мадрид, Њујорк и Јоханесбург. Календарот на сесиите ќе биде објавен наскоро.
По завршувањето на процесот на жирирање, победниците на Gerety Awards ќе бидат објавени на 19 октомври, кога ќе се одржи и последната дебата на Големото жири.
Повеќе инфромации за Gerety Awards можат да се најдат на официјалниот веб-сајт www.geretyawards.com, како и на официјалните профили на социјалните мрежи Twitter, Facebook, Instagram и LinkedIn.