600 луѓе беа вклучени во продукцијата на видеото кое е снимено во Бразил пред самиот почеток на пандемијата
Дали некогаш Елвис би го заменил својот познат розов Кадилак со џип, останува само да нагодуваме. Но, во ова видео, Елвис, кого го глуми популарниот имитатор Дин З, има настап после кој влегува во Фиат Страда.
Со помош на компјутерско генерирање сличноста е голема, а на видеото се гледа како Елвис води уште неколку имитатори со себе на прошетка низ разни филмски сцени, додека во позадина се слуша неговата песна „Blue Suede Shoes“.
Видеото е снимено во Бразил во февруари, пред да пристигне пандемијата во оваа земја, во продукцијата учествувале повеќе од 600 луѓе, а се снимало на три локации. Снимањето траело шест дена.
„Работевме напорно, го адаптиравме, усовршувавме и го развивавме ликот со месеци за да го доловиме ликот на Елвис“, рече Томас Кореа, креативен директор на агенцијата, Лео Бурнет. „Ваков интензитет и напор е можен само кога клиентот, агенцијата и продукцијата зборуваат на ист јазик“.