Македонскиот бренд Божиновски часовници и накит веќе 20 години е синоним за успех и квалитет. Преку своите производи ги обединува луксузот, убавото живеење, стилот и луѓето што ги носат нивните брендови на инспиративен начин.
Божиновски часовници и накит, се смета за пионер во стилот и иновацијата во Македонија уште од 1996 година. Започна со работа во Битола и набрзо ја прошири својата продажна мрежа и во Скопје, а оваа недела отвори свој продажен салон и во Струга.
Покрај петте сопствени продажни салони, Божиновски ги нуди своите производи и низ мрежата на агенти и франшизи низ Македонија.
По повод отворањето на продажниот салон и претстојните празници Бајрам и Илинден на своите потрошувачи им подарува 15% попуст за купен еден производ и 50% попуст за втор купен производ специјално само за купувањата во овој салон.
Првите 10 купувачи ќе добијат и влезница за концертот на Амира Медуњанин во Охрид.
Побрзајте и чекирајте се во Струга овој викенд, продажното место на Божиновски се наоѓа на почеток на Нова Чаршија и ќе биде отворено за вас за празникот и викендот.
Компанијата веќе 20 години создава вредности, доверба и квалитет, кои секојдневно преку вложување и грижа кон своите вработени ги пренесува на сите свои купувачи.
Брендот Божиновски, како официјален претставник, е препознатлив по врвните, исклучителни модели на: Omega, Breitling, Longines, Hamilton, Montblanc, Tissot, Ititoli, TAG Heuer, Calvin Klein, Swatch, Troika, и Flik Flak. За сите ваши посебни моменти, можете да најдете и златен накит и дијаманти со врвен квалитет.