Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola го ангажираше Поетот Џорџ, британски поет и рапер, за својата нова реклама во која ги истакнува културните промени кои ги донесе пандемијата на корона вирусот.
Рекламниот спот, насловен “Open like never before” („Отворени како никогаш претходно“), комбинира снимки од секојдневието на есенцијалните работници и од Поетот Џорџ кој рецитира поема со која ја повикува јавноста да гледа на светот во едно поинакво светло. Рекламата е создадеа со помош на агенцијата 72andSunny Amsterdam.
Рекламата ќе биде пропратена и со outdoor реклами кои ќе цитираат извадоци од поемата на Џорџ, кои кога ќе бидат скенирани со помош на паметен телефон ќе им овозможат на минувачите да ја слушнат поемата во нејзина целост.
„Во февруари соопштивме дека за да ја постигнеме нашата цел во животот треба да се фокусираме на емпатијата – способноста да се оди во чевлите на некој друг и да се разберат негвовите чувства – таа емпатија беше фокусот на нашиот бренд придвижувајќи се напред. Кога се случи пандемијата, ни беше јасно дека мораме да одговориме, а емпатијата беше светлината која ги водеше нашите акции,“ истакна Валтер Сусини, постар потпретседател за маркетинг во Coca-Cola за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка.
Coca-Cola ги имаше паузирано своите маркетинг активности за време на првите неколку месеци од пандемијата, при што донираше 120 милиони долари на хуманитарни организации. Компанијата исто така лансира програма со која на различни барови, ресторани и пабови ќе им овозможи медиски буџет и простор за огласување со цел да ги промовираат своите бизниси.