Кинеската социјална мрежа TikTok соопшти дека формира глобален паричен фонд за своите креатори на содржини, со цел да може да им конкурира на другите платформи како Instagram и YouTube.
Компанијата соопшти дека на американските корисници планира да им исплати повеќе од 1 милијарда долари во текот на тригодишен период.
Во однос на своите европски корисници, TikTok ќе плати 70 милиони долари, односно 59 милиони евра, во текот на следната година. Тој износ е планиран да порасне на 300 милиони долари т.е. 253 милиони евра во текот на следните три години.
Корисниците кои сакаат да добијат дел од парите ќе треба да аплицираат до TikTok. Доколку нивната апликација биде одобрена од страна на компанијата, тие ќе добиваат регуларни исплати за содржините кои ќе ги објавуваат на платформата.
Подетални иформации за процесот на аплицирање допрва треба да бидат објавени.