Брендот за спортска опрема Adidas лансира нова серија на патики базирани врз култниот модел ZX од 1984 година, но рекламата создадена за да ја промовира новата серија е далеку од ретро.
Спотот успешно комбинира реални личности со тродимензионални анимации и кумпјутерска графика, прикажувајќи ги патиките во различни футуристички ситуации во кои се презентиран нивната издржливост. На крајот се истакнува дека патиките се „чиста наука“.
Рекламата е наменета за Азиско-пацифичкиот регион, а главни ѕвезди во неа се кинескиот пејач Џексон Ји и јужнокорејските музичари So!YoON! и DPR Live.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата Hypebeast од Хонг Конг.