Американскиот дневен весник Вол Стрит Журнал објави дека социјалната мрежа Твитер е заинтересирана за купување на платформата ТикТок, во сопственост на кинеската компанија БјатДенс.
Неодамна американскиот претседател Доналд Трамп донесе извршна наредба со која во следните 45 дена на американските компании им се забранува да осваруваат какви било трансакции со ТикТик, сé додека платформата не биде купено од американска компанија.
Засега единствената компанија која јавно соопшти дека е заинтересирана за купување на ТикТок беше технолошкиот гигант Мајкрософт.
Според шпекулациите, Твитер оствариле првични разговори со БајтДенс во однос на купувањето на ТикТок, но останува прашањето колку Твитер може да ја издржи трката со далеку помоќниот Мајкрософт.
Според проценките на експертите, пазарниот удел на ТикТок во САД изнесува десетици милијарди долари. Пазарната вредност на Твитер во моментот е 29 милијарди долари, додека пак онаа на Мајкрософт – 1,6 трилиони долари.