Агенцијата MDC Partners ќе се грижи за креативата на брендот
Агенцијата Anomaly, која е во сопственост на групацијата MDC Partners, во 2016 година го превзеде брендот Diet Coke од агенцијата Droga5. Наредната година, го презеде брендот Minute Maid, со што се стави крај на долгорочната соработка на овој бренд со агенцијата Doner. И сега конечно, ќе работи на класичниот бренд Coke на Кока Кола.
Овој потег стави крај на партнерството помеѓу Wieden + Kennedy Портланд и брендот Coke, кое функционираше изминативе 15 години. Сепак, Wieden Kennedy Њујорк сè уште работи на брендовите на Coca Cola, вклучувајќи ги Sprite и Vitamin Water. Агенцијата Wieden + Kennedy Лондон исто така соработува со Кока Кола изминатите неколку години. Не е познато дали оваа промена влијаела врз односите на другите агенции со Кока Кола.
Агенцијата Wieden + Kennedy не одговорила на барањето за коментар, додека агенцијата Anomaly одбила да коментира. Портпаролот на Кока Кола изјави дека компанијата „не ги коментира агенциските задачи, но и двете агенции се особено активни во тековното работење на Кока Кола“.
Во нивното долгогодишно партнерство, агенцијата Wieden + Kennedy Портланд создаде бројни реклами за Супербоул за брендот Coke, како и овогодинешното видео во кое учествуваат Џона Хил и Мартин Скорсезе. Оваа реклама лансираше нов енергетски пијалок на брендот Coke. Минатата година, агенцијата и помогна на Кока Кола во лансирањето на нов пијалок, Cola со вкус на портокал и ванила.
Агенцијата Anomaly стои зад најновото видео прикажано во јуни, во кое различни семејства ширум светот готват и вечераат во своите домови.
Последните неколку месеци беа тешки и за Кока Кола која пријави пад на продажбата од 26% за вториот квартал.