Брендот за брза храна Burger King лансираше нова кампања на белгискиот пазар со која се надева дека ќе придонесе за поголема безбедност на своите ресторани од ширењето на корона вирусот.
Познато е дека еден од главните начини на кој се шири вирусот се малите капки кои летаат во воздухот додека зборуваме, поради што е потребно да носиме маски. Но, како ефективно да се примаат нарачки, а да се минимизира зборувањето? Едноставно. Преку маски на кој е испечатена нарачката – беше одговорот на Burger King и агенцијата Buzzman.
Имено, фановите на брендот за брза храна беа повикани преку социјалните медиуми да си создадат своја сопствена маска со комбинацијата на производи која ја преферираат и така да можат да ја реализираат посакуваната нарачка во рестораните или на драјв-тру локациите на Burger King без да изустат ниту збор.