(19.08.2020) – Ревијата BalCannes и прогласувањето на најдобри проекти од регионот ќе се одржат онлајн, во веќе потврдените фантастични услови – каде од своите домови овој пат ќе може да ги следи целиот регион.
Дружењето на Викенд Медиа Фестивал е одложено за некои подобри прилики и побезбедни времиња, но сигурни сме дека токму затоа Викенд ќе им биде уште посладок на сите. Во меѓувреме, овие денови, на сите им недостига инспирација – па агенциите од целиот регион ќе ја подигнат нашата креативна енергија со своите проекти. Секој ќе може да го следи во живо онлајн прогласувањето на победниците и ревијата на проектите на BalCannes – и целосно бесплатно!
Во салата собира неколку стотици луѓе, а секогаш се бара место повеќе. Овогодишното онлајн прогласување на победниците на BalCannes на сите ќе им даде можност да ги следат настаните од првите редови – во опуштено домашно издание. Доколку го следевте онлајн прогласувањето на добитниците на наградите Effie, IdejaX и MIXX, знаете дека во текот на само два дена, собраа повеќе од 25.000 прегледи со голема интеракција во публиката, докажувајќи дека комуникациската индустрија и во кризни периоди е индикатор за квалитет, иновација и креативност, кои го менуваат општеството.
BalCannes и Weekend Media Festival веќе со години се неразделни, а покрај околностите што никој не можеше да ги предвиди, тие и понатаму остануваат поврзани, поради што со нетрпение ја очекуваме можноста да се собереме во Ровињ. А дотогаш, ќе уживаме во виртуелно дружење, позитивна атмосфера и инспириративна креативна енергија од Јадранскиот регион.
Ако сеуште не сте ги пријавиле своите проекти на BalCannes, направете го тоа бесплатно, со симболичен надоместок за првите 25 проекти – а потоа подгответе се за навивање од удобната атмосфера на својот дом, кога можеби вашите проекти ќе ги види целиот регион.
Повеќе детали наскоро…