(21.08.2020) – Технолошкиот гигант Oracle е третата американска компанија по Мајкрософт и Твитер која покажа интерес за купување на кинеската социјална платформа ТикТок, на која ѝ се заканува забрана во САД.
Според одредени извори, Oracle сакаат да превземат контрола врз ТикТок не само за американскиот пазар, туку и за териториите на Канада, Австралија и Нов Зеланд.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, кој на американските компании им даде рок до 15 септември да го купат ТикТок пред платформата да биде забранета, официјално го охрабри интерсот на Oracle, изјавувајќи дека таа е „одлична компанија“.
Важно е да се забележи дека ко-основачот и извршен директор на Oracle, Лери Елисон, е еден од ретките технолошки лидери во државата кој е отворен поддржувач на Трамп и неговата кампања за реизбор на позицијата претседател на САД.