(24.08.2020) – Sony Interactive Entertainment ја објави долгоочекувната прва реклама за лансирањето на својата најсовремена играчка конзола PlayStation 5 – и воопшто не потфрли.
Епскиот видео спот ги следи стапките на млада жена во својата авантура, соочувајќи се со морско чудовиште во замрзната пештера, спасувајќи се од силна експлозија во џунглата и фрлајќи со запалена стрела кон некаков магичен портал и каменен џин – “Добредојдовте во свет каде што можете да почувствувате повеќе“, се истакнува на крајот.
„Во јуни го запознавме светот со PlayStation 5 и нашиот нов глобален слоган „Играта нема граници“ (“Play Has No Limits”), што претставува експресија на брендот PlayStation и нашиот дух. Тоа е нашето ветување кон гејмерите ширум светот – дека ќе продолжиме да се бориме против границите и да ги ресетираме очекувањата за она што е возможно,“ посочи Мери Ји, потпретседател за глобален маркетинг на PlayStation.
Рекламата беше создадена со помош на креативната агенција Adam & Eve/DDB и продукциската куќа Biscuit Filmworks.