(27.08.2020) – Благодарение на судската постапка поднесена од страна на ByteDance против американските власти, познато е колку корисници има TikTok, како во светот, така и на американскиот пазар.
За прв пат се познати податоците во врска со бројот на корисници на сега веќе добро познатата кинеска апликација за кратки видеа TikTok. И тоа е благодарение на документите што компанијата ByteDance ги достави до судот (парница против американските власти).
Благодарение на овие документи, можно е да се извлечат приближни податоци за бројот на корисници и на глобалниот и на американскиот пазар (особено поради актуелните забрани на тој пазар).
Во јули, TikTok имаше речиси 690 милиони активни корисници на месечно ниво, од кои повеќе од 100 милиони месечни активни корисници на американскиот пазар.
Заради претстава за растот на самата апликација, вреди да се спомене дека во јануари 2018 година, во светот имало 55 милиони месечни активни корисници и 11 милиони на американскиот пазар.
Самата апликација TikTok е преземена повеќе од 2 милијарди пати, што е успех со кој можат да се пофалат само постарите и попопуларните социјални мрежи.