(31.08.2020) – Omega важи за еден од најпознатите и најлуксузни часовничарски брендови во светот. Компанијата била основана уште во далечната 1848 година во Швајцарија, а под брендот Omega станува препознатлива во 1903 година. Низ својата богата историја, исполнета со бројни револуционерни изуми, механизми и специјални метални легури, Omega бил прифатен и како официјален часовничарски бренд на Олимписките игри, Британската воена авијација, Армијата на САД, како и на НАСА. Всушност, Omega е првиот часовничарски бренд кој отпатувал до Месечината.
Меѓу амбасадорите на брендот можат да се сретнат имињата на астронаутот Баз Олдрин, океанографот Жак Кусто, актерите Џорџ Клуни, Даниел Крејг и Никол Кидман, како и олимпискиот шампион Мајкл Фелпс. Omega бил омилениот часовничарски избор и на бројни други познати личности низ историјата како поранешниот американски претседател Џон Кенеди, кинескиот лидер Мао Це Тунг, поранешниот советски претседател Михаил Горбачов и кралот на рокенролот Елвис Присли.
Нашата редакција деновиве се нагледа рекламни спотови од Omega продуцирани во последната деценија, па решивме да Ви претставиме десет од нив кои најмногу ни се допаднаа:
1. Co-Axial Chronometer – The perfect mechanical movement (2013)
2. Museum in Biel: the OMEGA Watches’ history (2011)
3. From a movement to a brand name (2013)
4. A Winter Walk (2019)
5. The Collection (2015)
6. Speed Skating (2014)
7. Sedna™ Gold (2013)
8. George Clooney meets NASA legend Charlie Duke (2019)
9. Swiss-made for the world (2019)
10. The OMEGA Seamaster Diver 300M and Daniel Craig (2018)
Доколку Ви предизвикавме желба да додадете некој Omega во вашата часовничарска колекција, официјални застапници на брендот за територијата на Македонија се Божиновски часовници и накит. :)