(31.08.2020) – Низ текот на годините, Photoshop прерасна во есенцијална алатка за сите графички креативци ширум светот, нудејќи им бројни можности за постигнување на визуелна извонредност во својата работа. По повод 30-годишнината од лансирањето на алатката, матичната компанија Adobe објави одлична реклама со која совршено ги презентира способностите на Photoshop кога тој ќе се соедини со креативниот ум.
Рекламата го следи патувањето со метро на една креативна девојка, кое на прв поглед се чини крајно досадно. Меѓутоа, благодарение на нејзината имагинација, поткрепена со познавањето на можностите кои ги дава Photoshop, досадното патување се претвора во фантастично искуство на шарени бои, забавни ликови и епски амбиент.
„Ништо не е невозможно во вашата имагинација. Фантастичното патување го претставува Adobe Photoshop како нешто повеќе од алатка – тоа е средство кое Ви помага наново да го осмислите уметничкото платно на нашиот свет,“ истакнува Еј Џи Џозеф, генерален креативен директор на Adobe, по повод лансирањето на рекламата. Тој им се обрати на креативците дека никогаш не било поважно од сега да ги погледнат работите од една нова перспектива, да си играат со реалноста и да ја „запалат“ сопствената креативност.
Рекламата е создадена со помош на агенцијата 72andSunny Los Angeles.