(01.09.2020) – Во времиња како сегашната Ковид-19 криза, потсетени сме на потребата за поврзување и соработка помеѓу заедниците, генерациите, институциите, земјите и секторите. Секој чекор превземен за решавање на кризата е темел кон градење на решенија и отпор кон сите веќе-постоечки кризи како климатската криза и социјалните и економските нееднаквости. Потребни ни се координирани колективни акции насочени кон социјално праведна и еколошка иднина, за да ја создадеме иднината во која сакаме да живееме.
Мрежата на млади Young Friends of the Earth Macedonia, како дел од интернационалната волонтери европска мрежа Young Friends of the Earth Europe, организира виртуелна серија на тренинзи насловена Балкански Регионален Форум. Целта на овие тренинзи е развивање на нацрт План за Зелено и Праведно Закрепнување и Балкански Зелен Договор, кој подоцна ќе биде споделен до соодветните институции.
Се одржаа веќе 2 сесии од Балканскиот Регионален Форум каде што се започаа бројни важни дискусии, но преостанува уште една и најклучна, последна сесија за финализирање на контурите на Балканскиот Зелен Договор и Балканскиот План за Зелено и Праведно Закрепнување.
Па затоа, Ве покануваме да се приклучите и бидете дел од колективното визионирање за иднината на нашиот регион во четврток, 3-ти септември, од 12:00 до14:00 часот.
За учество на настаните потребно е да се пополни кратка регистрациска форма, најдоцна до 2-ри септември. На следниот линк е FB настанот со повеќе информации за содржината и дискусиите кои ќе се развијат на последната сесија на Балканскиот Регионален Форум. Форумот се одржува на платформата Zoom, на англиски јазик.
Прочитајте повеќе за Балканската Коалиција на статијата на The Climate Herald.
Време е за колективна акција за создавање на подобар свет после Ковид-19 кризата. Потребни ни се Балкански Зелен Договор и План за Зелено и Праведно Закрепнување кои ќе ги стават луѓето и планетата на прво место. За да ја создадеме оваа визија за подобар свет, потребно ни е учество од сите; организации за човекови права, групи за правата на ЛГБТКИА+ заедницата, еколошки групи и заедници, групи за заштита на правата на мигрантите, фармери и рудари, синдикати, научници, уметници, здравствени работници, едукатори и млади.
Настанот е во организација со SmartUp – Social Innovation Lab и SEENET мрежата, а е поддржан од Еразмус+ и Европската Унија.