(02.09.2020) – Сопствениците на „Адванс медиа груп“, браќата Кирил и Георги Домусчиеви, по купувањето на бугарската телевизија Нова ТВ и онлајн медиумската група „Нет инфо“ пред година и половина, сега сакаат дополнително да го прошират својот удел во бугарскиот медиумски пазар преку купувањето на уште три телевизии и четири радија.
Нивна цел се телевизијата Канал 3, музичките телевизии The Voice TV и Magic TV, како и радијата The Voice Radio, Magic FM, Радио Веселина и Радио Витоша. Според пишувањата на бугарските медиуми, сите тие се поврзани со името на бугарскиот бизнисмен и актуелен пратеник Делјан Пеевски.
Барањето за купување на споменатите медиуми е веќе испратено за одобрување до Комисијата за заштита на конкуренцијата на Бугарија. Регулаторното тело има рок од пет седмици за да одлучи по однос на барањето.