Aко не му верувате на инстинктот за тоа колку гориво ви остана во колата, туку погледнувате на инструмент таблата, не му верувате на инстинктот за тоа што да понесете на одмор, туку на временската прогноза, тогаш зошто во бизнисот каде ги вложувате вашите пари (или парите на вашите инвеститори) да носите одлуки базирани на инстинкт?
Можеби ќе кажете дека имате армија на вработени во сметководство или ИТ секторите кои редовно ги исполнуваат вашите барања за нови извештаи, а поискусните вработени истите ви ги презентираат.
Денеска е можно да имате „инструмент табла“, со сите податоци и индикатори за вашата компанија на еден клик, во секое време. Тоа е она што го правиме во Data Masters. Најпрво го анализираме бизнисот, ги собираме сите податоци за него и креираме множество на dashboards –своевидна бизнис „инструмент табла“ на конкретниот бизнис. Дополнително ги обучуваме и менаџерите или вработените да носат одлуки базирани на тие податоци.
Иако најголемиот дел од нашите клиенти не се во Македонија, сметаме дека е време и нашите компании да ги искористат бенефитите од Data Science. Ние работиме за големи компании/корпорации и институции низ светот креирајќи ги нивните „инструмент табли“ и помагајќи им да носат правилни одлуки за нивните бизниси. На овој начин тие мудро оптимизираат трошоци, ја зголемуваат продуктивноста и ги насочуваат ресурсите таму каде ќе донесат најголем резултат.
Светскиот пазар е огромен океан, во споредба со Македонија, но наша мисија е да ги обезбедиме истите бенефити кои ги имаат светските компании и за македонските. Затоа и ја почнавме приказната Data Masters, ние сме првата компанија во Македонија специјализирана само за Data Science и Business Intelligence. Неизбежна е потребата македонските компании да ја подобрат својата продуктивност и да ја донесат на ниво на Европските компании, со цел да опстојат на пазарот кој се повеќе се отвора.
Поразвиените компании веќе ги согледаа бенефитите од користење на Data Science при носење на одлуките. Ова ја зголеми потребата од соодветен кадар, кој го нема доволно на пазарот. Тоа беше главната причина да ја создадеме Академијата за Data Science и Business Intelligence на Data Masters. Предноста на Академијата на Data Masters е тоа што ние сме специјализирана компанија само за овие две области. Со тоа, станавме и првата Академија за Data Science и Business Intelligence верифицирана oд страна на Министерството за Образование. Ние студентите ги учиме за реалниот свет, им ги наоѓаме талентите и ги насочуваме во таа област каде најбрзо ќе најдат работа. Дел од нашите студенти се вработени, а компаниите инвестираат во нивно дообразување на нашата Академија, обезбедувајќи си кадар кој ќе работи со податоците. Веруваме дека со имплементација на Data Science и обука на вработени, конечно и нашите компании ќе ги донесат нивните бизнис процеси на исто ниво со Европските и светските компании. Тоа е нашата мисија, и нашиот придонес кон подобрување на македонската економија.