Во пресрет на стартот на новата учебна година во Белгија, автомобилскиот бренд Volvo лансираше нова интегрирана кампања со која ги охрабрува возачите да задоцнат на работа. Причината? Стресот кој го чувствуваат родители за навремено да ги однесат своите деца во училиште за првиот час и потоа да стигнат на работа без да задоцнат е причина за несовесно возење и бројни сообраќајни несреќи.
Истражувањето кое претходело на кампањата покажало дека 40% од родителите чувствуваат стрес на самиот старт на учебната година. Па, со цел да се избегнат несаканите последици од возењето под стрес, родителите и сите возачите воопшто треба да имаат малку поголемо разбирање, да возат повнимателно и повоздржано, сé со цел на децата да им се овозможи безбеден и безгрижен прв училишен ден.
Кампањата била создаден со помош на креативната агенција FamousGrey.