Платформата за градење веб-сајтови Wix е една од оние компании кои вложиле доста ресурси во досадни реклами на YouTube кои знаат да се пуштат на сред видео и да ви го уништат цел моментум. Поради тоа, Wix се имаат соочено со еден куп на „креативни“ коментари – што се би правеле луѓето наместо да изгледаат уште една реклама на Wix.
Меѓутоа, изгледа дека Wix се целосно свесни за своите досадни Јутјуб реклами, добро ги примиле негативните коментари и се решиле да извадат екстра хумористична реклама токму врз тие коментари. Рекламата е толку забавна и добра што воопшто не сакате да ја прескокнете, напротив – се надевате да трае подолго. Но, на крајот Wix триумфално поставува едно реторичко прашање: „Чекајте, дали вие сепак изгледавте уште една Wix реклама?“. Браво!
Рекламата била целосно продуцирана in-house, а главните улоги ги толкувале самите вработени.