Пред нејзиниот банкрот минатата година, Thomas Cook важеше за најстарата туристичка компанија во Велика Британија со историја долга 178 години. Пред банкротот и целосната девалоризација на брендот, вредноста на компанијата изнесувала 2,2 милијарди фунти.
Меѓутоа, компанијата паднала во големи долгови и по неколку неуспешни обиди за спас од разни компании и британската влада, згаснала на 23 септември 2019 година, оставајќи илијадници луѓе без работа. Брендот Thomas Cook и интелектуалната сопственост на компанијата биле купени од кинескиот конгломерат Fosun за само 11 милиони фунти.
Сега, во пресрет на годишнината од згаснувањето на компанијата, британските медиуми исвестуваат дека Fosun планира да го рестартира брендот, но овој пат исклучиво како онлајн туристичка агенција.
Во зависност од времето на добивање на потребните регулаторни дозволи од британската влада, се очекува дека официјалното соопштение за лансирањето на новата компанија може да се случи во скоро време, можеби и во следните неколку денови.
Како ќе биде организирана новата, дигитална Thomas Cook и дали ќе го најде своето место во пост-корона светот со темелно нарушена туристичката индустрија, ќе покаже времето.