Longines е еден од најлегендарните швајцарски производители на луксузни часовници во светот. Компанијата е основана од страна на бизнисменот Август Агасиз во далечната 1832 година во градчето Saint-Imier, Швајцарија, во подножјето на планината Јура.
Уште на самиот старт, компанијата станала препознатлива по своите квалитетни џебни часовници, особено благодарение на екстензивнаата комуникациска мрежа на Агасиз во прекуокеанските земји. Во втората половина на 19 век, компанијата станала предводник во модернизацијата на часовничарското производство меѓу швајцарските компании, следејќи ги поуките од растечката американска часовничарска индустрија.
Почнувајќи од раните 1900-ти години, Longines започнува да се фокусира на производството на рачни часовници и специјализирани механизми за рачни часовници. Некои од најзначајние модели/колекции на рачни часовници во развојот на брендот се: Weems Second-Setting (1927), Lindbergh Hour Angle (1931), Conquest (1954), Flagship (1957), Longines LCD (1972) и Feuille d’Or (1979). Брендот има изградено легендарна репутација во светот на спортот, пред сè кај коњичките спортови.
Longines важи за најстарата, непроменета трговска марка регистрирана при Светската организација за интелектуална сопственост (од 1893 година).
Во продолжение Ви претставуваме наш избор на најдобрите 10 рекламни спотови на Longines од последната деценија:
1. Longines Spirit – The Pioneer Spirit Lives On (2020)
2. “Horse Racing” featuring Maxime Guyon (2016)
3. The Longines Heritage Classic – Tuxedo (2020)
4. Longines: 180 years of elegance, tradition and performance (2012)
5. The Longines Master Collection Blue Edition (2017)
6. Valentines’s day with Longines (2018)
7. Conquest Classic Horse Racing (2013)
8. The Longines Heritage Classic Chronograph 1946 (2020)
9. The Longines Heritage Classic – The Writer: Esra Gürmen (2019)
10. Royal Ascot 2017 – The Fitting (2017)
За сите оние кои се заинтересирани да поседуваат свој сопствен Longines, официјални застапници на брендот за Македонија се Божиновски часовници и накит.