Кинеската компанија ByteDance, во чија сопственост е популарната социјална мрежа TikTok, ја одбила понудата од Microsoft за купување на апликацијата и наводно постигнала прелиминарен договор за „техничко партнерство“ со Oracle за американските операции на TikTok.
Според неименувани извори, ваквиот договор не вклучува и целосна продажба на платформата. Оракл веројатно ќе поседува малцинство од акциите на ТикТок, а се очекува дека инвеститорите на БајтДенс ќе продолжат да имаат удел во компанијата. Меѓутоа, преговорите сé уште не се завршени и може да дојде до промена.
Претседателот на Оракл, Лери Елисон, важи за еден од ретките луѓе во Силициумската долина кој отворено го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп.
Дали постигнатиот договорот помеѓу Оракл и БајтДенс ќе биде доволен за да ги задоволи грижите на американските власти околу заштитата на корисничката приватност на ТикТок, останува да видиме.