Популарниот американски бренд за ориз и производи од ориз Uncle Ben’s, кој е во сопственост на корпорацијата Mars, соопшти дека ќе се ребрендира во Ben’s Original, како реакција на критиките за расна стереотипизација.
Ребрендирањето ќе го вклучува и отстранувањето на препознатливата слика на стар црномурест човек.
Според официјалната историја на брендот, ликот Uncle Ben’s бил базиран врз тексански фармер на ориз кој бил познат по квалитетот на својот производ, евентуално прераснувајќи во индустриски стандард.
Меѓутоа, името на брендот има корени во обичајот на белите жители од јужниот дел на САД да ги условуваат постарите луѓе со црна боја на кожата со зборовите „aunt“ („тетка“) и „uncle“ („вујко“) наместо „госпоѓа“ и „господин“.
Матичната компанија Mars го најави ребрендирањето на брендот уште во јуни, кога повеќе бендови се одлучија на ваков чекор, вклучувајќи го брендот за палачинки Aunt Jemima во сопственост на PesiCo.
„Ние сме свесни за нееднаквоста поврзана со името и ликот на нашиот претходен бренд и како што соопштивме во јуни, ние сме посветени на промените,“ истакнува Фијона Досон, глобален претседател за храна, големопродажба и потрошувачи на Mars.