Брендот за браз храна McDonald’s, со помош на агенцијата TBWA\Paris, создаде необична outdoor кампања во францускиот главен град Париз.
McDonald’s постави outdoor реклами на кои се гледаат нивните препознатливи оброци како Биг Мек, двоен чизбургер и помфрит, со таа разлика што рекламите не се со вообичаената правоаголна форма, туку изгледаат како некој да загризил еден добар залак од нив.
Рекламите никаде не го содржат името или логото на McDonald’s, но очигледното присуство на жолтата и црвената боја, комбинирани со слики на вкусните оброци се доволен индикатор за тоа кој е брендот кој стои позади нив.
Уникатната форма и дизајн на рекламите би го предизвикала вниманието на секој минувач, „потсетувајќи“ го колку е всушност вкусно понуденото мени на McDonald’s.