Социјалната мрежа за професионалци LinkedIn добива нов дизајн на верзиите за десктоп и мобилни уреди, кој треба да донесе „почовечен“ изглед на платформата, со помалку „формални“ нијанси на сино.
Фокусот на новиот дизајн е насочен кон поедноставување на корисничкото искуство, давајќи му на платформата „чист“ и „упростен“ изглед на интерфејсот.
Вредно за истакнување е дека новиот дизајн на LinkedIn ќе вклучува и опција за кратки „приказни“ (популарно „сториња“), слично како Инстаграм и Фејсбук. Приказните ќе бидат лоцирани на врвот од мобилниот интерфејс, со цел корисниците полесно да можат да пристапат до нив и да ги прегледаат новостите од своите контакти.
Меѓутоа, опцијата за приказни на LinkedIn ќе вклучува и некои оригинални фукции. Така, LinkedIn секој ден ќе поставува едно генерално „Прашање на денот“ на кое корисниците ќе можат да одговараат на зададена тема и да ги споделуваат своите одговори.
Друга уникатна опција во однос на приказните на LinkedIn ќе биде достапноста на специјални сетови на „стикери“ кои ќе бидат поврзани со специфични региони во светот.
„Сторињата“ на LinkedIn ќе бидат достапни веднаш за корисниците во САД и Канада, а во следните неколку недели тие ќе бидат имплементирани глобално.