Википедиа е интегрален дел од интернет културата речиси дваесет години и на корисниците им овозможува да пребаруваат различни теми од своите компјутери, таблети или телефони. Сега овој популарен сајт доби освежување во форма на редизајн со цел да стане подостапен за новите и помлади корисници, пишува The Verge.
Како најкорисна новина се истакнува тоа што корисниците сега можат полесно да преминуваат кон секции кои ги интересираат во рамките на некој текст, без “скролање“. Од левата страна на секоја страница ќе се појавува опаѓачко мени, кое ќе им овозможи на читателите побргу да дојдат до оние делови од текстот кои ги интересираат.
Освен тоа, Википедиа доби и тестер за промена на јазикот во рамки на страницата која се чита и позиција за пребарување која би требало да го поедностави пребарувањето во рамки на страницата. Тука е и новото лого кое од сега ќе зафаќа помалку простор на страницата.
Фондацијата Викимедија најави дека промените ќе се случуваат во текот на подолг временски период и корисниците ќе можат да ги тестираат новите опции пред тие официјално да се промовираат.
Имплементацијата на новите опции треба да заврши до декември 2021 година, а сè уште нема информации дали слични промени ја очекуваат и мобилната платформа.