Градењето на личен/персонален бренд е една од клучните компоненти на успехот !
Ако кај Вас сеуште постои макар и ронка сомнеж во ова тврдење, се надевам дека со примеров подолу ќе успееме да го отсраниме.
Запознајте се со дечкото од Англија со име Adam Pacitti.
Адам скоро дипломираше и се соочи со предизвикот со кој се соочуваат 98% од скоро дипломираните студенти без работно искуство – “Како да најде работа?“
Пробал најнормално да се пријавува на огласи и да праќа CV-ња, но немал поголем успех од неколку про-форма интервјуа.
Знаел дека има знаење и вештини да промовира и “продава“…па одлучил кон овој нов предизвик да се постави токму така….си го поставил клучното прашање: Како ќе докаже на другите дека знае да промовира и продава ако не знае да се промовира и продаде себеси?
И така Адам почна кампања ! Кампања со која ќе се “продаде“ себеси !
Носечкиот слоган на неговата кампања беше “Вработете го Адам (Employ Adam)“ како што всушност беше насловен и неговиот личен веб сајт (сајтот од оригиналната кампања: http://adampacitti.com/employadam/) на кој имаше поставено видео CV во кое ги опишува неговите академски предиспозиции и изминати успешни медиа проекти.
Се чини најуспешен момент беше лансирањето на билборд кампањата, каде Адам закупи билборд на кој стои само неговата слика и зборовите “Ги потрошив моите последни 500 фунти на овој билборд, Ве молам дајте ми работа“ заедно со url-от од неговиот веб сајт.
Резултат.
За кампањата на Адам известија скоро сите големи англиски медиуми, почнувајќи од Sky News, BBC Radio, Daybreak и ITV News.
За време на кампањата еден од твитер трендовите стана и хаштагот #EmployAdam како помош од твитер заедницата и одличен начин за давање на вирален boost на целата кампања.
Ако се знае дека после оваа кампања, Адам добил повеќе од 60 солидни понуди за работа и сега е вработен во агенцијата Seachange, ќе заклучиме дека кампањата за градење и “продажба“ на личниот бренд заврши повеќе од успешно….
…..или поточно…. никогаш не завршува , а тоа го знае и Адам :)