Бројот на корисници на интернет во Кина достигна 940 милиони до јуни годинава, а стапката на пенетрација на интернет е 67 проценти, објави кинескиот информативен центар за интернет (CNNC), додавајќи дека Кина е најголемиот пазар за онлајн малопродажба.
Бројот на корисници на интернет на мобилните телефони е 932 милиони.
Во извештајот за развојот на интернетот се наведува дека почнувајќи од 2013 година Кина е најголем пазар за онлајн малопродажба, веќе едум години по ред.
До крајот на јуни 2020 година, бројот на луѓе кои купуваат стоки преку интернет достигна 749 милиони, што е 79,7 проценти од вкупниот број корисници на интернет, пренесува CRI.
Во првата половина на оваа година, вкупниот износ на плаќања преку мобилни уреди во земјата достигна 196,98 трилиони јуани, што е зголемување за 18,61 проценти во однос на истиот период минатата година.
Во првата половина на годината, преносите во живо за продажба на стоки станаа упориште за стимулирање на економскиот раст.
До јуни 2020 година, бројот на следбеници на преноси во живо од овој тип во земјата достигна 309 милиони, додека вкупниот број на овие преноси надмина 10 милиони, што ги следеа повеќе од 50 милијарди гледачи.