Актерот Кевин Харт е препознатлив по две работи: неговите комични филмови и неговата висина – и тоа не затоа што е многу голема, туку напротив. Меѓутоа, тоа не треба да биде пречка тој да ужива во спорт како што е кошарката, а за максимизирање на пријатното искуство тука е брендот за спортска опрема Fabletics.
Имено, Fabletics е бренд за спортска опрема во сопственот на релативно младата компанија TechStyle Fashion Group, основана во 2013 година. Брендот деновиве лансираше нова серија на спортска опрема за мажи, едноставно насловена “Fabletics Men”, која има единствена цел „да се грижи за момците кои се заборавени од останатите спортски брендови.“
Со цел нејзина промоција, брендот лансираше огласувачка кампања чија главна ѕвезда е актерот Кевин Харт, кој во главниот хумористичен спот од кампањата нималку скромно ги истакнува производите, за потоа да добие огромна сила и да го забие кошот. Но, што потоа? :) Погледнете го видеото.