Најдобрите и најнаградуваните светски креативци и комуникациски стручњаци од агенциите Energy BBDO Chicago, McCann New York, AKQA Brazil, Saatchi & Saatchi Australia, Leavingstone Georgia, Dentsu Aegis Network Singapore, Publicis Italy, како и од компаниите Google и Spotify, се само некои од говорниците на шестиот фестивал на интегрирани комуникација – фестивалот KAKTUS 2020 кој онлајн ќе се одржи на 3 и 4 ноември, под слоганот „Unique in being different“.
Како и минатата година, KAKTUS 2020 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрирани комуникации. Меѓу главните говорници оваа година се Јоана Филип, СВП глобален извршен креативен директор, Energy BBDO, Чикаго; Ренато Зандона, извршен креативен директор, AKQA, Сао Паоло; Џоао Флорес, главен креативен директор, Dentsu Aegis Network, Сингапур; Сандра Болд, глобален креативен директор, Публицис Италија и Елав Хорвиц, СВП директор за глобални иновации во McCann Worldgroup, Њујорк.
За време на два дена од креативната програма, на учесниците на фестивалот ќе им предаваат и Крис Мекарти, раководител за креативна стратегија, The ZOO, Google (Франција); Бруно Луџлио, креативен директор, Spotify (САД); Рај Патманатан, креативен директор и Јелена Стошиќ, директор за стратегија, Kids Industries the family agency, Лондон (Велика Британија); Бруно Регало, креативен директор/раководител за уметност и дизајн, TBWA\Chiat\Day, Лос Анџелес (САД); Вил Руст, основач, Stupid Ideas (Данска); Андреа Хенао, партнер и директор, 360 Agency, Берлин; Санти Урсо, креативен и уметнички директор, Saatchi & Saatchi Австралија; Ана Анѓелиќ, извршен директор за стратегија и автор на “The Business of Aspiration“, Њујорк; Сајмон Медеирос, виш уметнички директор, Wunderman Thompson, Дубаи; Давид Шчепанијак, главен креативен директор и партнер, VMLY&R, Варшава; Фолкер Врејџ, претседател, Leavingstone International, Грузија и Јан де Јонг, ко-основач и управувачки партнер, Webpower Adria (Хрватска).
На првиот и на вториот ден, ќе бидат организирани неколку креативни дискусии, а една од нив е панел на тема Innovation hype.
Покрај конференцискиот дел на фестивалот, ќе има и промоција на второто издание на публикацијата ADBOOK, како и годишно доделување на стручните награди KAKTUS 2020 2020 и KAKTUS Talents.
Биографиите на предавачите се достапни на сајтот https://kaktus.rs/