Едно од најкреативните пакувања оваа година доаѓа од пица-брендот Pizza Hut, кој за своите европски фанови направи специјална кутија за пица која истовремено претставува и „фудбалче“ за игра со пријателите.
Се работи за дводелна кутија, при што во долната половина се наоѓа вкусната пица, а во горната – целосно функционално фудбалче за двајца играчи.
Специјалната кутија е дел од кампањата насловена “12th Player Club”, која Pizza Hut ја реализира со помош на креативната агенција Ogilvy по повод стартот на европската фудбалска сезона.
„Оваа кутија беше одлична можност да се потсетат фудбалските фанови дека пицата најдобро оди со нивниот фудбал,“ посочи Венди Леунг, маркетинг директор на Pizza Hut, додавајќи дека компанијата секогаш се труди да оди чекор понатаму во грижата за својата публика. „Остварувајќи едно вакво искуство, токму во вашата кутија за пица, е совршениот начин да се предизвика насмевка кај луѓето,“ истакна Леунг.