Познатиот бизнис магазин Forbes ја објави својата најнова листа за 50-те највлијателни маркетинг директори во светот. Листата била составена врз база на квалитетно истражување во комбинација со сознанијата на уредничкиот тим на магазинот.
Дел од листата се 50 луѓе кои со својата работа во маркетинг секторот ги поместиле границите во рамки на професијата и биле причина за одлични поместувања внатре во рамки на компаниите.
Маркетинг директорите се рангирани според критериумите на образование, стручност, искуство, размислувања и позициите кои ги држат во компаниите. Ваквата листа има за цел на годишно ниво да го следи нивото на работа на маркетинг директорите и да ги открие трендовите и насоките на развој во глобалниот пазар.
На листата се наоѓаат дури 16 маркетинг директори на технолошки компании, 5 доаѓаат од финансискиот сектор, 5 од прехрамбената индустрија и рестораните, а само 3 од телекомуникацискиот сектор и 2 од малопродажбата.
Целосната листа со повеќе информации може да се погледне на следниот линк, а во продолжение ги пренесуваме имињата на првите 10 највлијателни маркетинг директори во светот:
- Фил Шилер, постар потпретседател за глобален маркетинг во Apple;
- Стефани МекМахон, генерален бренд директор во World Wrestling Entertainment;
- Фернандо Мачадо, глобален маркетинг директор во Restaurant Brands International;
- Јенс Тимер, постар потпретседател за потрошувачи и бренд во BMW;
- Оливиер Франсоа, глобален претседател за брендот Fiat и генерален маркетинг директор на FCA Group, во Fiat Chrysler Automobiles;
- Јулија Голдин, глобален маркетинг директор во LEGO;
- Ана Лунес, извршен потпретседател и генерален маркетиг директор во Adobe;
- Лорејн Твохил, генерален маркетинг директор во Google;
- Крис Капосела, генерален маркетинг директор во Microsoft;
- Марк Причард, генерален бренд директор во Procter & Gamble.