Алкохолниот бренд Jack Daniel’s ја лансираше својата прва, навистина глобална кампања насловена “Make It Count” („Направи го да важи“) во преку 100 држави ширум светот.
Централниот спот во кампањата, насловен „First Timers“, прикажува луѓе кои пробуваат нови работи, односно прават нешто за прв пат, при што постојано ја повторуваат реченицата „Отсекогаш сум сакал да го направам тоа“. Кампањата ја слави храброста и одлучноста на фановите на Jack Daniel’s кои не се плашат да ризикуваат во доживувањето на нови искуства, а ги охрабрува другите да го пробаат 154-години стариот бренд на пијалок.
Кампањата е создадена со помош на агенцијата Energy BBDO од Чикаго, САД, а покрај телевизиските спотови ќе вклучува и активности на социјалните мрежи, како out-of-home реклами.