Брендот за брза храна McDonald’s лансираше нова кампања за британскиот пазар во која нé потсетува дека едноставните подароци од вистинските луѓе можат да донесат најголема радост.
Рекламата ја следи приказната на еден тинејџер кој за својот роденден како подарок го добива стариот автомобил на мајка си. На прв поглед, се чини дека младото момче не е премногу среќно.
Тој потоа се одлучува за прв пат да го повози старо-новиот автомобил до локалниот драјв-тру на McDonald’s. Храната веднаш му го подигнува духот, пушта гласна музика (ЦД од мајка си кое го наоѓа во кола) и се враќа дома, носејќи оброк од McDonald’s како подарок за својата мајка, која по својот израз на лицето е пресреќна. Рекламата завршува со слоганот „Понекогаш, малку значи многу“ (“Sometimes, a little means a lot”).
„Во вака тешка година, малите задоволства и акти на добрина имаат поголема сентиментална вредност. McDonald’s задржува сигурен стандард за квалитет на храната и вредностите, истовремено обезбедувајќи моменти на добро расположение на своите потрошувачи. Ние сакавме да покажеме дека во McDonald’s не треба да потрошите многу за да добиете нешто што значи многу,“ истакнува Стивен Хауел, маркетинг директор на McDonald’s за Обединетото Кралство.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Leo Burnett и продукциското студио Pulse Films, а медискиот закуп бил остварен во соработка со агенцијата OMD.