Организаторите на наградите „Епика“ го продолжија рокот за пријавување на кампањите. Покажете се пред жири комисијата составена од новинари кои сакаат да пишуваат за одлични креативни решенија!
Наградите „Епика“ беа лансирани во 1987 година и се единственото натпреварување на кое кампањите ги оценуваат новинари кои пишуваат за креативноста. „Епика“ им овозможува на своите учесници пристап до светска заедница на новинари кои пишуваат за рекламирање, дизајн и маркетинг.
Дел од овогодинешното жири на Epica Awards е и Маркетинг365, заедно со реномирани светски медиуми кои ја следат адвертајзинг и маркетинг индустријата како Adweek, Campaign, Stratégies, PR Week, Creative Review, Business Insider, Forbes, Russia Today, The Drum и други.
Целосната листа на членови на жирито може да се погледне на следниот линк.
Наградното жири ќе гласа онлајн, а листата со кампањи кои ќе влезат во потесниот избор ќе биде објавена на 1 декември. Онлајн церемонијата на доделување на наградите и видео претставувањето на победниците ќе се одржи на 17 декември – еден месец подоцна од претходните години.
Епика е сестринска компанија на AdForum, глобален билтен и архива на рекламната индустрија, кој исто така ќе ги промовира пријавените кампањи.
Добитниците на наградите и творештвото во потесен избор ќе се појават во годишното издание на Epica Book, која претставува збирка на креативноста.
Епика е хаб каде се среќаваат креативноста и новинарството. Целта на организаторите на ова долгогодишно натпреварување е да се прошират вестите за одличните кампањи и проекти и да ги инспирираат новинарите кои се во потрага по стории.
Наградите Epica ги покриваат сферите на адвертајзингот, дизајнот, медиумите, односите со јавноста и дигиталните технологии. Наградите се отворени за пријавување до 2 ноември и сите заинтересирани учесници може да се регистрираат и пријават на следниот линк.