Gerety Awards се глобални креативни награди кои им оддаваат признание на најдобрите адвертајзинг кампањи во светот, меѓутоа гледано од женска перспектива. Минатата недела беше објавена целосната листа на наградени кампањи, а сега Gerety Awards ги објави имињата на најдобрата агенција и агенциска мрежа за 2020 година.
За најдобра агенција на Gerety Awards 2020 беше прогласена 72andSunny од Лос Анџелес, која освои 2 златни, 3 сребрени и 2 бронзени награди.
„Чест и привилегија е да се биде прогласен за најнаградувана агенција од ценетото жири составено од врвниот женски талент во нашата индустрија. 72andSunny веруваат во моќта на креативноста која не може да се игнорира и ова е успех со кој секој во компанијата ќе се гордее,“ истакна Мет Марфи, партнер и извршен креативен директор на 72andSunny Los Angeles.
За најдобра агенциска мрежа на Gerety Awards 2020 беше прогласена Havas, која вкупно освои 1 златна, 6 сребрени и 4 бронзени награди, како и 3 кампањи кои се најдоа во потесен избор за награди. Наградите беа освоени од 7 агенции кои се дел од мрежата на Havas, а доаѓаат од Франција, Австралија, Јужна Африка, САД, Бразил и Шпанија.
„Јас сум горда на мојата агенција BETC и на мојата мрежа Havas, кои поминаа извонредно на Gerety Awards оваа година. Тоа е плод на континуирана работа. Дело на нашите најталентирани луѓе. Честитки за нив. Многу го сакам овој женски поглед на креативноста,“ изјави Мерцедес Ера, претседател на Havas Worldwide и ко-основач и претседател на агенцијата BETC.
„Кога го дефинираме најдоброто во адвертајзингот низ женската призма ние имаме одговорност да го прославиме само најдоброто. Огласувачите кои сакаат да знаат како да ги таргетираат најмоќните потрошувачи во светот немаат потреба да гледаат подалеку од победничката листа на Gerety Awards,“ заклучува Лусија Онгај, ко-основач на Gerety Awards.
Целосната листа на наградени може да се погледне на следниот линк.